Табелата е составена според бројот на освоени златни медали. При ист број на златни медали, се зема предвид вкупниот број на сребрени, а потоа и вкупниот број на бронзени медали. При еднаков број на освоени златни, сребрени и бронзени медали, местото е исто за сите земји со ваков резултат, при што во табелата се подредени по азбучен редослед. Овој систем го користи и МОК.