Степен (алкохол)
Степенот во алкохолот е мерка која покажува колку алкохол (етанол) содржи еден алкохолен пијалак. Терминот првично почна да се употребува во Велика Британија. Мерењето на алкохолниот состав и изјавата за овој состав на етикетите на алкохолниот пијалак е регулиран со закон во многу држави. Целта на регулирањето е да се обезбеди веродостојна информација за потрошувачите.
Историја
Од XVIII век до 1 јануари 1980 година, Велика Британија ја мери содржината на алкохол со терминот Степен на честокиот пијалак, која беше дефинирана како жесток пијалак со гравитација од 12/13 на вода, или 923 кг/м3, што е еквивалентно на 57,15% ABV. Терминот потекнува од 18 век, кога исплатите на британските морнари вклучуваа количества на рум. За да се осигураат дека румот не бил ублажен со вода, се докажуваше со додавање на барут во него, а потоа тестирање за да се види дали барутот ќе се запали. Ако не се запали, тогаш румот содржи премногу вода и се смета за "неквалитетен". Барутот нема да гори во рум кој содржи помалку од 57,15% ABV. Оттука, румот кој го содржи овој процент на алкохол е дефиниран како "100° (стостепен) доказ".
Поврзано
- Алкохол
- Алкохолен пијалак
- Жесток пијалак
- Коктел