Сун Јанг

Sun Yang (孙杨)
Лични информации
Целосно имеСун Јанг (孙杨)
НационалностНародна Република Кина НР Кина
Роден на1 декември 1991(1991-12-01)(32 г.)
Роден воХангџоу, Џеџанг, Кина
Висина1.98 м
Тежина89 кг
Спорт
ДисциплиниКраул

Сун Јанг (кинески: 孙杨|t=孫楊; роден 1 декември 1991 во Хангџоу, Џеџанг)[1] е Кинески олимпиец и светски рекордер во пливање. Тој пливал за Кина на Летните олимписки игри 2008.[2] На Азиските игри во 2010 година, тој освоил четири медали, од кои два златни и два сребрени, сите во дициплината краул и бил прогласен за Дебитант на годината на Спортските награди од Кинеската Централна Телевизија.[3]

На Светското првенство во водени спортови 2011, Сун го срушил светскиот рекорд во дисциплината 1500 метри краул, поставен од Грант Хакет во 2001.[4] Тој победил во дисциплините 400 метри краул и 1500 метри краул на Летните олимписки игри 2012, станувајќи првиот кинез во историјата на Кина кој освоил златен медал во пливање.[5] Во дисциплината 1500м краул тој поставил нов светски рекорд. Заедно со Мајкл Фелпс, биле единствените двајца пливачи кои успеале да победат на две трки во поединечна конкурекција.

Лични рекорди

Од 4 август 2012.

Дисциплина Резултат Место Датум Бел.
200м краул 1:44,93 Лондон, УК 30 јули 2012 НР
400м краул 3:40,14 Лондон, УК 28 јули 2012 ОР, АЗР, НР
800м краул 7:38,57 Шангај, Кина 27 јули 2011
1.500м краул 14:31,02 Лондон, УК 4 август 2012 СР

Легенда: АЗР = Азиски рекорд, НР = Национален рекорд, СР = Светски рекорд, ОР = Олимписки рекорд

Поврзано

  • Кина на Летните олимписки игри - 2012

Наводи

Надворешни врски

Рекорди
Претходник
Австралија Грант Хакет
1500 метри краул за мажи
светски рекордер

31 јули 2011
Наследник
Актуелен