Суперлига на Швајцарија е најсилната фудбалска лига во Швајцарија. Досега најмногу титули освоил Грасхопер (27).
Систем на натпреварување
Суперлигата на Швајцарија содржи 10 клуба кои играат меѓу себе во четирикратен лигашки-систем. Последнопласираниот тим во лигата игра следната сезона во Втората лига на Швајцарија, а претпоследниот тим има шанса преку баражот (плеј-аут) да обезбеди опстанок во најсилната лига, играјќи против второпласираниот тима од Втората швајцарска лига. Првопласираниот и второпласираниот тим обезбедуваат место во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, додека од преостанатите 2 тима од плеј-офот, едан игра во второто, а еден во третото квалификациско коло за Лига Европа.