Таблинум

Таблинум во Куќата на Менандар (Регио I), Помпеја

Кај римската архитектура, таблинум (или табулинум, од tabula, табла, слика) е соба која била обично сместена по страната на атриумот и наспроти влезот; од задната страна таа гледала на перистилот, или преку голем прозорец, претсобје или завеса. Ѕидовите биле богато украсени со фрески и бисти на семејството биле наредени на пиедестали по двете страни на собата.

Извори