Тамбо Колорадо

Тамбо Колорадо
Puka Tampu
ОбластИка

Тамбо Колорадо е добро зачуван археолошки комплекс од периодот на развитокот на Инките на брегот на денешно Перу. Наоѓалиштето е познато и како Пука Тампу, Пукалакта или Пукахуаси.

Местоположба

Тамбо Колорадо се наоѓа на јужниот брег на Перу во долината на реката Писко околу 40 км од градот Писко, Перу. Во тој регион имало земјотрес во 2007 година, но наоѓалиштето не претрпело големи штети.[1]

Историја

Според историските показатели, градот бил изграден во 15 век за време на владеењето на Сапа Инка Пачакутек.

Употреба

Се верува дека Инките го користеле ова место како еден од стратешките точки за патната линија приморски брег - Куско.

Музеј

Во близината на археолошкото место, поточно на влезот од истото, се наоѓа археолошки музеј.

Надворешни врски

Наводи

  1. Josephs, Leslie (2007-08-22). „Quake causes serious damage to tourist sites, nature reserve closed“. International Herald Tribune. Посетено на 2008-02-05.

13°42′19″S 75°49′45″W / 13.70528°S 75.82917°W / -13.70528; -75.82917