Теодор II Ласкарис

Теодор II Дука Ласкарис
Никејски цар
(Византија во прогон)
Портрет на Теодор II од ракопис од XV век
На престол1254–1258
ПретходникЈован III
НаследникЈован IV Ласкарис
Роден(а)c. 1222
Никеја, денс Бурса, Турција
Починал(а)18 август 1258(1258-08-18)
Магнезија,[1]
СопружникЕлена Асенина
ДецаЈован IV
Ирина Ласкарина
Марина Ласкарина
ТаткоЈован III
МајкаИрина Ласкарина

Теодор II Дука Ласкарис или Дука Ласкарис (1221/1222 – 16 август 1258) — цар на Никеја од 1254 до 1258 година.

Живот

Теодор II Дука Ласкарис бил единствениот син на Јован III и Ирина Ласкарина, ќерка на царот Теодор I и Ана Ангелина, ќерка на царот Алексиј III и Ефросина Дукина Каматерина. Теодор е роден кон крајот на 1221 или почетокот на 1222 година, веројатно на истиот ден кога неговиот татко бил прогласен за цар.

Теодор II бил образуван од страна на Никиор Блемид кој му бил и старател,[2] и тој низ целиот свој живот се посветил на науката и уметноста. За разлика од првичните практики, Теодор II не бил крунисан за совладетел од страна на неговиот татко, но учествувал во раотата на владата од 1241 година.По смртта на Јован III на 4 ноември 1254 година, Теодор II бил прогласен за ца од армијата и дворот, но бил крунисан откако бил назначен нов патријарх, Арсениј, во 1255 година.

Стапувањето на престолот на Теодор било искористено од страана на бугарите, кој ја нападнале Тракија под водство на младиот и неискусен Михаил II во 1255 година. И покрај своите интелектуални склоности, Теодор веднаш тргнал во марш кон бугарите и им нанел тежок пораз. За време на својата втор поход во 1256 година, тој успеал да склучи поволен мир со Бугарија, која најверојатно имала криза во водството на државата. Теодор продолжил по победата над Бугарија проширувајќи ја контролата на запад, каде ги освоил Драч и Сервија, со што успешно ги заобиколил неговите соперници во Епир.

Внатрешно, Теодор претпочитал бирократи од средните класи наместо членови на големите аристократски семејства. Михаил Анголд делумно ова го објаснува како дел од неговиот карактер:

Тој [Теодор] бил посреќен друштво на култивиран круг на пријатели, од кои некои му биле другари и придружници од детството. Очигледно е дека не го сакал она што тој го сметал за филистерство меѓу младите луѓе на татковиот двор.[3]

Предноста која Теодор им ја давал на обичните граѓани наишла на силно противење од страна на благородништвото насочено кон царот и неговите министри, големиот доместик Ѓорѓи Музалон. Спорот довел да биде прогонет еден од водачите на аристократката фракција, идниот цар Михаил VIII, кој бил обвинет за заговарање со Турците-селџуци. Насреде кризата, Теодоровите епилептични напади се влошиле,м и царот починал на 16 август 1258 година,[4] оставајќи го Ѓорѓи Музлон како регент за неговиот малолетен син Јован IV.

Семејство

Теодор II Дука Ласкарис се оженил со Елена Асенина, ќерка на Иван Асен II во 1235 година, со која имал неколку деца:[5]

  • Ирина Ласкарина, која се омажила за Константин Асен
  • Марија Ласкарина, која се омажила со Никиор I Комнин од Епир[6]

Заземајки го престолот и осакатувајќи го единаесет годишниот Јован IV, го онеспособил да стане цар, Михаил VIII Палеолог останатите три ќерки на Теодора ги омажил за италијански и бугарски странци,[7] и на тој начин се обезбедил дека нивните деца нема да бидат закана за претолот и неговите деца ќе бидат наследници. Станува збор за:

  • Теодора, која се омажила со Матеј Монски, Велгоштски Барон[8]
  • Евдокија Ласкарис која се омажила со Пјетро I гроф на Вентимиља и Танд
  • Според Ѓорѓи Пахимер Теодор имал и петто дете ќерка, која била незаконска, но се омажила со Светослав, бугарски деспот.[9]
  • Јован IV

Наводи

  1. Finlay, George, History of the Byzantine and Greek Empires, Vol 2, p. 411
  2. Michael Angold "The Fourth Crusade: Event and Context" Longman (originally published by the University of Michigan), 2003 ISBN 0582356105 p 209
  3. Angold, A Byzantine Government in Exile: Government and Society Under the Laskarids of Nicaea (1204-1261) (Oxford: University Press, 1975), p. 76
  4. For this date, see Albert Failler, "Chronologie et composition dans l'Histoire de Georges Pachymère", Revue des études byzantines, 38 (1980), pp. 20-23
  5. Failler, "Chronologie et composition", pp. 65-77
  6. Failler, "Chronologie et composition", p. 68
  7. Nicol, Donald M. (1993). „The price of survival“. The Last Centuries of Byzantium (1261–1453). New York: Cambridge University Press. ISBN 0-521-43991-4.
  8. Failler, "Chronologie et composition", pp. 68-71
  9. Failler, "Chronologie et composition", pp. 72f

Извори

  • The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.

Дополнителна литература

Теодор II Ласкарис
Ласкарска династија
Роден(а): непознато 1221 Починал(а): 18 август 1258
Владејачки титули
Претходник
Јован III
Никејски цар
1254–1258
Наследник
Јован IV