Тиморска Плоча ― мала тектонска плоча во југоисточна Азија која го носи островот Тимор и околните острови. Австралиската Плоча се спушта под јужниот раб на плочата, додека мала раздвојувачка граница се наоѓа на источниот раб. Друга приближувачка граница постои со Бандската морска плоча на север, а на запад е преобразувачката граница.