Тортиља

Тортиља
Видлеб
Место на потеклоМезоамерика
Главни состојкибрашно

Тортиља — мало, тркалезно и тенко лепче од пченкарно или пченично брашно.[1] Вообичаено тестото за тортилјите се прави без квасец.

Првично ја правеле домородците на Мезоамерика.

Потекло на поимот

На шпански јазик, „тортиља“ значи „мало лепче“.

Видови

Мексиканска жена подготвува тортилји.

Пченкарна тортиља

Тортилјите направени од пченка се најстариот вид тортилји и се многу популарни во Мексико и Средна Америка.

Пченична тортиља

Пченица не била одгледувана во Америка пред доаѓањето на Европејците, но денес од нејзиното брашно најчесто се спремаат тортилјите. Пченичните тортилји вообичаено содржат сало и сол, а другата подготовка и готвење е идентично со пченкарните тортилји. Пченичните тортилји се користат за бурита, такоа и други текс-мекс јадења, особено за оние кои се јадат со раце, бидејќи пченичните тортилји подобро го чуваат филот од пченкарните тортилји.

Поврзано

Наводи