Тохоку
Координати: 38°54′N 140°41′E / 38.900° СГШ; 140.683° ИГД
Тохоку (јапонски:東北地方; Tōhoku-chihō) е географско подрачје и регион во Јапонија. Тохоку на јапонски значи североисточен затоа што го зазема североисточниот дел од островот Хоншу, најголемиот остров во Јапонија. Ова подрачје исто така е познато и под името Мичиноку.
Тука се наоѓа последната тврдина на локалниот народ Ајните (Аину) на островот. Хоншу, која била сцена на многу битки. Тохоку одржува репутација на конзервативен регион со неверојатните пејзажи и суровата клима. Хаику поетот Мацуо Башо ја напишал „Oku no Hosomichi“ („Тесниот пат кон длабокиот север“) додека патувал низ регионот Тохоку.
Релјефот на Тохоку е планински, како и поголемиот дел од Јапонија. Тука се наоѓа и венецот Оу кој се протега од север кон југ. Првите историски населби се појавиле меѓу VII и IX век.
Регионот се состои од шест префектури:
|
|