Трент (Германија)
За други значења на поимот, погл. Трент.
Трент | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Месна заед. | Запад-Риген |
Месни единици | 12 |
Градоначалник | Гунтер Кригер |
Основни податоци | |
Површина | 35,40 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 656 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 19 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RÜG |
Пошт. бр. | 18569 |
Повик. бр. | 038305, 038309 |
Местоположба на Трент во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
![]() | |
Координати | 54°31′N 13°15′E / 54.517° СГШ; 13.250° ИГД |
Трент (германски: Trent) — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Географија
Трент се наоѓа во северозападниот дел на Мутланд, средишниот дел на германскиот остров Риген во Балтичкото Море, околу 17 километри северозападно од градот Берген на Риген. Општината на север се граничи со заливите Викер Боден и Брецер Боден, а на исток со заливот Нојендорфер Вик. Мал дел на селото Фрезен, дел од општината, се граничи со заливот Ударзер Вик.
Трент се наоѓа на старата историска трговска патека, која започнувала од Штралзунд и одела до полуостровот Витов.
Општински единици
Во општината влегуваат следниве села: Фишерзидлунг, Фрезен, Ганшвиц, Грозов, Холстенхаген, Јабелиц, Либниц, Трент, Трибкевиц, Вашвиц, Венц и Цубцов.
Наводи
Надворешни врски
- Официјална страница Архивирано на 1 јули 2007 г.
|