Тригоносаурус (што значи „триаголен гуштер“) — род на титаносаурускисауроподскидиносаурус кој живеел за време на периодот мастрихт на територијата на денешен Бразил. Фосилите на Тригоносаурусот биле пронајдени во формација Марилија. Типскиот вид, Trigonosaurus pricei, првпат бил опишан од Кампос, Келнер, Бертини и Сантучи во 2005 година. Тој се заснова на два примерока, и двата се состојат главно од пршлени. Пред неговиот опис, тој бил познат како „Пирополис титаносаурус“, по местото каде што бил пронајден[1].
Наводи
↑Campos, D.A.; Kellner, A.W.A.; Bertini, R.J.; Santucci, R.M. (2005). „On a titanosaurid (Dinosauria, Sauropoda) vertebral column from the Bauru Group, Late Cretaceous of Brazil“. Arquivos do Museu Nacional. 63 (3): 565–593.