Трката започнала во Антверпен и завршила во Ауденарде, поминувајќи 267 километри. Вклучувала 17 категоризирани искачувања и пет рамни сектори со калдрма.[3]
Холандскиот возач Ники Терпстра го освоил изданието во 2018 година.[4] За жал, Терпстра паднал во 2019 година на почетокот на трката. Бил во несвест повеќе од една минута, поради што морал да биде пренесен во болница и да ја напушти трката.
Екипи
Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[6]