Тур де Романди 2022 (именувана и како Трка околу Романди) — 75. издание на велосипедскатаетапнаТур де Романди, која се одржала помеѓу 26 април и 1 мај како осумнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.
Екипи
Бидејќи Тур де Романди е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[1] Воедно, една професионална континентална екипа и националната екипа на Швајцарија биле дополнително поканети, со што на трката имало 20 екипи.[2][3]
На првата етапа, Роан Денис, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел портокаловата маичка, бидејќи првопласираниот Итан Хејтер ја носел зелената маичка како предводник на генералниот пласман.
На првата етапа, Итан Вернон, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Итан Хејтер ја носел зелената маичка како предводник на генералниот пласман.
На втората етапа, Дилан Тенс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел портокаловата маичка, бидејќи првопласираниот Роан Денис ја носел зелената маичка како предводник на генералниот пласман.