Теодор Рејмонд „Т.Р.“ Најт (роден 26 март1973[1]) е американскиглумец. Најпознат е по неговата улога на несамоуверениот специјализант Џорџ О‘Мали во познатата медицинска драма на ABC, Вовед во анатомија. Најт е повеќепати номиниран за Еми наградите и е добитник на неколку САГ награди.
Животопис
Ран живот
Најт е роден во Минеаполис, Минесота. Најт живее мирен живот и уште од мал покажува љубов кон глумата[2]. Тој решава да глуми во Гатри театарот на своја 5 годишна возраст каде добивал мали детски улоги. Откако завршува средно училиште на Академијата на светите ангели во Ричфилд, Најт се запишува на Универзитетот од Минисота[3], но подоцна решава да се отпише од факултетот и се вработува во Гатри театарот каде што и започнал, но овој пат се здобивал со главни улоги.