Удмуртски јазик (удмурт кыл, udmurt kyl) — уралски јазик, дел од подгрупата на пермски јазици. Удмуртскиот е мајчин јазик на Удмуртите, се зборува во руската република Удмуртија каде е и службен јазик покрај рускиот. Удмуртскиот се пишува на кирилица (удмуртска азбука). Поретко јазикот се нарекува и вотјачки, особено од другите народи во Русија. Според Ethnologue јазикот го зборуваат околу 550,000 жители од вкупно 750,000 Удмурти според податоците од 1989.[1]
Дијалекти
Удмуртските дијалекти се групираат на три поголеми дијалектни групи:
северни удмуртски дијалекти, кои се зборуваат покрај реката Чапца
јужни удмуртски дијалекти
бесермјански дијалекти, кои се зборуваат од Бесермјаните
Разликите помеѓу дијалектите не се големи и воглавно се засноваат на зборовите, особено силното влијание на татарскиот во јужните удмуртски предели.