Усури

Усури
Местоположба
Физички особености
УстиеАмур
Должина897 км
Особености на сливот
Сливот на Усури
Спорната територија на руско-кинеската граница

Усури (руски: Уссу́ри, од манџурски: Усури ула) или Вусули (кинески: 乌苏里江, пинјин: Wūsūlǐ Jīang) — река што тече низ Хабаровскиот и Приморскиот крај во Русија и југоисточните краишта на североисточна Кина. Извира во планинскиот венец Сихоте Алињ, па тече на север, исцртувајќи дел од руско-кинеската граница,[1] па кај Хабаровск се влева во Амур (48°26′N 134°59′E / 48.433° СГШ; 134.983° ИГД / 48.433; 134.983). Долга е околу 897 км, а сливот зафаќа површина од 193.000 км2. Водата ја добива од дожд (60%), снег (30-35%), а остатокот од подземни извори. Просечниот истек изнесува 1.150 м3/с, при просечна надморска височина од 1.682 м.

Реката е позната по катастрофалните поплави, а помеѓу ноември и април е замрзната. Изобилуваат разни видови риби: липен, есетра, лососи како горбушата, кетата и други.

Притоки

Поважни притоки на Усури се:

  • Мулинг (лева)
  • Наоли (лева)
  • Сунгача (лева)
  • Арсенјевка (лева)
  • Бикин (десна)
  • Хор (десна)
  • Голема Усурка (десна)

Историски настани

За време на Втората светска војна, преку реката поминувале советските војски при заземањето на Манџурија (операција „Августовска бура“ во 1945 г).[2]

Кинеско-советскиот пограничен конфликт во 1969 г. се одвивал на островот Дамански (Џенбао) во реката Усури.

Поврзано

Наводи

  1. Утврдена со Пекиншката спогодба од 1860 г.
  2. Манџурска операција („Августовска бура“) од 1945 г. (руски)

Надворешни врски