Во својата кариера играл за: АЗ Алкмар, Витесе, ПСВ Ајндховен (во два наврати), Барселона и Ал Џазира. За холандската репрезентација одиграл 101 натпревар и постигнал 10 голови во периодот 1996-2006. Својата играчка кариера ја завршил во 2008 година.
По завршувањето на играчката кариера, Коку посетувал професионален курс за тренери. Тој најпрво работел како асистент на селекторот Берт ван Марвајк во холандската репрезентација, а потоа се вратил во ПСВ каде најпрво работел како асистент, а потоа станал и прв тренер на тимот во 2013 година. ПСВ го водел до 2018 година, кога ја презел тренерската функција во турскиот Фенербахче, но таму бил отпуштен по само 15 натпревари на клупата поради слаби резултати. Во летото 2019, бил назначен за менаџер на Дарби Каунти.