Charles, Prince of Asturias Isabella Clara Eugenia, Archduchess of Austria Catherine Michelle, Duchess of Savoy Ferdinand, Prince of Asturias Diego, Prince of Asturias Philip III of Spain
Филип II бил крал на Шпанија во периодот од 1556 до 1598 година, крал на Неапол и Сицилија од 1554 до 1558 и крал на Португалија од 1580 до 1598 година, како Филип I од Португалија. Тој е единствениот законски син на Карлос I од Шпанија и Изабела од Португалија. Филип II бил еден од најголемите противници на Протестанската реформација. Во 1554 година се оженил за англиската кралица Мери I и бил прогласен за Крал на Англија, при што на таа позиција се задржал до смртта на неговата сопруга.