Франсоа Доминик Тусен-Лувертир

Генералот Франсоа Доминик Тусен-Лувертие

Франсоа Доминик Тусен-Лувертие (француски: François-Dominique Toussaint-Louverture; Сан Доминго, 20 мај 1743 - Форт де Жу, 7 април 1803 година), бил борец за независност на Хаити. Иако бил син на црн роб, бил образован, знаел француски и латински и основите на ветеринарна медицина.[1][2]

Ја предводел борбата за независност на Санто Доминго. Учествувал во бунтот на робовите (1791 година) и наскоро станал нивен водач. За време на војната меѓу Франција и Британија со Шпанија (1793 година), тој вешто тактизирал во сојузите со двете страни во корист на Хаити. Станал генерал во 1795 година и главен командант на Санто Доминго во 1797 година. Ги поразил Шпанците и Англичаните во 1800 година и го ослободил островот. Ропството било укинато во 1801 година и со тоа ја основал првата независна држава во Латинска Америка и единствена држава основана од поранешни робови. Со устав бил назначен за доживотен лидер. Во подоцнежната, нова француска интервенција, тој бил заробен и депортиран во Франција, каде што починал во 1803 година во занданата Жу .

Наводи

  1. „Toussaint Louverture Haitian leader“. Britannica. Посетено на 23. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)(англиски)
  2. „Toussaint Louverture“. British Museum. Посетено на 23. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)(англиски)