Халуцинација е вид на сетилна измама. Означува запазување или чувство без предмет, односно без соодветни надворешни дразби кои би ги предизвикале. Најчесто се појавува кај душевно болни лица, а може да се предизвика и со употреба на дроги.