Хајде

Хајде
Изворите Св. Ѓорѓи на плоштадот
Изворите Св. Ѓорѓи на плоштадот
Изворите Св. Ѓорѓи на плоштадот
Грб на Хајде
Хајде во рамките на Германија
Хајде
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Дитмаршен
Градоначалник Улф Штехер (ДХС)
Основни податоци
Површина 31,8938 км2
Надм. височина 11 м
Население 21.485 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 674 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HEI
Пошт. бр. 25746
Повик. бр. 0481
Портал heide.de
Местоположба на градот Хајде во рамките на округот Дитмаршен
Карта
Карта
Координати 54°11′46″N 9°5′36″E / 54.19611° СГШ; 9.09333° ИГД / 54.19611; 9.09333

Хајде (германски: Heide) — град во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Дитмаршен. Воедно, градот е административно седиште на општинската заедница Хајдер Умланд, иако не е член на истата.

Германскиот збор „Хајде“ (Heide) означува рамнина. Во XV век четири околни села одлучиле да изградат црква во средина на рамнината. Ова подоцна станало име на градот. Точниот датум на основање не е познат, но до 1447 година, Хајде веќе бил главно село на Дитмаршен. Во ова време, Дитмаршен била независна селска република.

Хајде станал град во XIX век и денес е туристичко одредиште.

Спорт

Фудбалскиот клуб Хајдер ФК настапува во покраинската лига на Шлезвиг-Холштајн.[2]

Знаменитости

  • Црква Св. Ѓорѓи (1560)
  • Водокула (1903)
  • Историски музеј на Дитмаршен
  • Брамсхаус, куќата во која живееле наследниците на композиторот Јоханес Брамс; денес е музеј

Сообраќај

Во близина на градот се наоѓа регионалниот аеродром Хајде-Бизум, кој нуди летови до островот Хелголанд. Поголем меѓународен аеродром претставува аеродромот во Хамбург, кој се наоѓа на неколку часови возење од Хајде.

Познати жители

  • Клаус Грот (1819–1899) — долногермански писател
  • Рудолф Диркс (1877–1968) — стрип цртач
  • Фриц Тидеман (1918–2000) — јавач на коњи

Меѓународни односи

Галерија

Наводи

Надворешни врски