Холивуд

Знакот "Холивуд" на планината Санта Моника

Холивуд е име на градски кварт во Лос Анџелес, САД, кој е познат по концентрацијата на огромен број на филмски студија и раскошни куќи на холивудските ѕвезди. Има околу 300.000 жители.

Денес постојат повеќе активни филмски студија во Холивуд:

  • 20th Century Fox
  • Paramount Pictures
  • Sony Pictures Entertainment
  • NBC Universal Entertainment
  • Warner Bros. Entertainment
  • Buena Vista Motion Pictures Group
  • Touchstone Television

Холивуд како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Холивуд“ — книга на американскиот писател Чарлс Буковски.[1]
  • „Hollywood“ — песна на македонската група Бастион.[2]
  • „Холивуд Вавилон“ (англиски: Hollywood Babylon) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits).[3]
  • „Гори, Холивуд, гори“ (Burn Hollywood Burn) — песна на американската рап-група Паблик Енеми (Public Enemy) од 1990 година.[4]
  • „Holywood“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2007 година.[5]
  • „Холивудските девојки“ (англиски: Hollywood Girls) — песна на британската панк-рок група The Resistance.[6]

Наводи

  1. Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.
  2. Bastion works & rew>>works, AG Records, PMG Recordings, Lithium Records.
  3. Discogs, The Misfits* – Static Age (пристапено на 28 јануари 2021)
  4. YouTube, public enemy - burn hollywood burn ( HQ ) (пристапено на 12.12.2017)
  5. „www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2021-05-11. Посетено на 2017-12-03.
  6. YouTube, The Resistance - Hollywood Girls (пристапено на 15.10.2021)