Централен и Западен округ е сместен на северозападниот дел на островот Хонгконг е една од 18-те административни области на Хонгконг. Со население од 243.266 жители во 2016 година округот има трето најниско население, но и поради релативно малата големина има најобразовани жители со втор најголем приход.
Централниот округ е централната деловна област и основната урбана област на Хонгконг. Западниот округ ги опфаќа Шек Тонг Цуи, Кенеди Таун, Саи Јинг Пан, делови од Лунг Фу Шан. Округот бил дел од градот Викторија, најраната урбана населба во колонијалниот Хонгконг.