Циклусот на уреата (познат и како орнитински циклус) е циклус на биохемиски реакции кои се случуваат кај голем број на животни, вклучувајќи го и човекот, при што се добива уреа ((NH2)2CO) од амонијак (NH3). Овој циклус е откриен од страна на Ханс Адолф Кребс и Курт Хенселајт во 1932 година, пет години пред откривањето на циклусот на лимонска киселина. Кај цицачите, циклусот на уреа се случува главно во црниот дроб, и помалку во бубрезите.