Црква Сан Лоренцо фуори ле Мура
Црквата Сан Лоренцо фуори ле Мура (италијански :Basilica di San Lorenzo fuori le mura) е црква која се наоѓа во Рим, Италија[1] и е во склопот на Римокатоличката црква. Во оваа црква се наоѓа гробот на Свети Лаврентиј. Црквата била изградена во времето на Константин I Велики, а истата била реновирана во времето на Папа Пелагиј II и Папа Хонориј III.
Наводи