Црква „Св. Атанасиј“ - Оризари

За истоимената црква во Оризари, Скопје, погледнете Црква „Св. Атанасиј“ - Ѓорче Петров.
Свети Атанасиј

Поглед на црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Оризарска
Местоположба

Координати 41°55′19″N 22°26′48″E / 41.92194°N 22.44667°E / 41.92194; 22.44667
Место Оризари
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба XIX век
Завршено 1842
Осветување 1848
август 2014
Архитектонски опис

Свети Атанасиј (или Свети Атанасиј Велики) — главна селска црква во кочанското село Оризари, Македонија.[1]

Црквата претставува парохиско седиште на Оризарската парохија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средиштето на денешното Оризари, на една издигнатина, покрај левата страна на Оризарска Река. Во минатото, црквата припаѓала на некогашното Долно Оризари.[2]

Историја

Црквата е изградена некаде кон средината на XIX век и осветена на 24 април 1848 година. Истражувачот Јован Трифуноски ја наведува годината 1842 година како година кога била подигната. Претходно на истото место се наоѓала помала „изгорена црква“.[2]

Подоцна е делумно разрушена од Османлиите и обновена во 1876 година.[3]

Поради внатрешните обновувања и новиот фрескоживопис, црквата била преосветена од страна на митрополитот Иларион Брегалнички во август 2014 година.[4] Во тој период, поплочен бил дворот. Бил обновен потпорниот ѕид и хортикултурно уреден бил дворот.[5]

Архитектура

Во 2005 година, внатрешноста била обновена.[6][7]

Фрескоживопис

Храмот не бил живописан,[3] сѐ до 2013 година кога било направено фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на црквата[5] и тогаш била обновена и фасадата.[6][7]

Иконостас и икони

Иконостасот е висок, со три реда икони, изграден веројатно во 1875-76 година. Во царскиот ред се поставени десет икони (од југ кон север): Свети Ѓорѓи, Архангел Михаил, Свети Јован Крстител, Исус Христос Седржител, Богородица Елеуса, Свети Атанасиј Александриски, Свети Димитрија, Свети Харалампиј и Свети Никола. На иконите нема потпис на иконописецот, но годината 1850 е напишана на иконите на Св. Харалампиј и Св. Никола. Се претпоставува дека се изработени од Димитар Зограф од Самоков заради стилските особености. Горните два реда икони и царските двери се дело на Никола Михајлов од Крушево.[8] Негово дело е и големиот надиконостасен крст со распетието.[9] Автор на иконите на северната и јужната врата на иконостасот е Исаија Фрчковски, кој ги изработил во 1875-76 година, при обновувањето на црквата.[8]

Иконите се изработени во 1875 година од зографот Исаија Макриев Фрчковски од Галичник и непознати автори.[3]

Од 55. икони колку што има во црквата, 17 се наоѓаат во Регистарот на икони кои имаат заштитен статус.[5]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 103. OCLC 16745284.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Оризарска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 1 декември 2021.
  4. „Нов фрескопис во црквата „Св.Атанасиј" во Оризари, Кочанско“. a1on.mk. 25 август 2014. Архивирано од изворникот 2023-09-19. Посетено на 19 септември 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Продолжува обновата на црквата „Свети Атанасиј" во населбата Оризари, кочанско“. religija.mk. 18 август 2016. Архивирано од изворникот 2021-12-08. Посетено на 19 септември 2023.
  6. 6,0 6,1 Поп Тоше Манев, Бошко Цветановски. (1 август 2014). По целосното реновирање, црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари ќе биде преосветена. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=sscFcclepY4&embeds_euri=http%3A%2F%2Fkanal8.mk%2F&feature=emb_imp_woyt. 
  7. 7,0 7,1 Марјан Иванов. (27 ноември 2014). Ќе се уредува и надворешноста на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?v=etkYYHlI0iI. 
  8. 8,0 8,1 Проблеми на изкуството, томове 37–38. БАН. 2004. стр. 49.
  9. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.

Надворешни врски