Црква „Св. Климент Охридски“ - Стојаково
Свети Климент Охридски | |
---|---|
Црква „Св. Климент Охридски“ | |
![]() Поглед кон црквата | |
41°09′24.8″N 22°34′39.9″E / 41.156889°N 22.577750°E | |
Место | Стојаково |
Земја | Македонија |
Вероисповед | Католицизам |
Управа | |
Епархија | Апостолски егзархат |
Црквата „Св. Климент Охридски“ — католичка црква во богданското село Стојаково.[1] Црквата е сместена во непосредна близина на сретселото.
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа. Ѕидовите се малтерисани и обоени во бела боја, додека рабовите на аглите се истакнати и обоени во жолта боја. Главниот влез е сместен на западната страна, а на ѕидот над него има монофора. Камбанаријата е со четириаголна основа и се издига на кровот над главниот влез. Нејзината конструкција содржи четири столба обоени во жолта боја, а делот што е сместен над покривната конструкција на црквата е изграден од тули, при што на секоја од четирити страни има по една монофора. Црквата и камбанаријата се покриени со ќерамиди.
Галерија
-
Поглед на црквата
-
Камбанаријата
Поврзано
Наводи
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 90. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
Црква „Св. Климент Охридски“ - Стојаково на Ризницата ?
|