Црногорската азбука е заеднички термин за двете писма со кои ги користи црногорскиот јазик, однсоно кирилското и латиничното писмо. Црногорската азбука била усвоена на 9 јуни2009 година од црногорскиот министер за образование Сретен Шкулетиќ.[1] Црногорската азбука, со своето усвојување, ги заменила српската азбука и азбуката на Гај. Иако, според уставот на Црна Гора, и кирилицата и латиницата имаат еднаков статус, сепак Црногорците повеќе ја користат латиничната азбука.
Особености
Црногорската латинична азбука е заснована на хрватската азбука или српскохрватската азбука, но има додадено две бикви Ś и Ź кои ги замениле диграфите SJ и ZJ.[2] Овие две букви имаат иста вредност со кирилските букви С́ и З́. Латинската азбука не ги вклучува буквите Q, W, X и Y.
Белешки: Закосените букви означуваат мртов јазик. Поморскиот јазик немал своја азбука, а полапскиот користел германска азбука. Рутенскиот јазик покрај кирилицата користел и латиница и арапско писмо, каде двете биле прилагодени според фонетскиот систем.