Чаен прибор
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/0/05/Silver_tea_set.jpg/250px-Silver_tea_set.jpg)
Чаен прибор, во западната традиција е прибор кој се продава заеднички за употреба при служењето на попладневен чај или формална чајанка.
Чајните прибори прилично варираат по цена и квалитет, од евтини предмети во масовно производство до рачно изработени ремек-дела. Најдобрите чајни прибори се изработуваат од познати изработувачи на порцелан. Чајниот прибор може да биде и од сребро кој е формален чаен прибор направен од стерлинг-сребро. Меѓутоа и тука можат да се најдат масовно произведени посребрени прибори.
Делови од чајниот прибор:
- чајник
- чајна шолја и тацничка
- шеќерник
- бокалче за млеко
покрај ова, формалниот чаен прибор содржи и:
- бокал со кафе
- лонче со врела вода
- лонче за фрлање
- послужавник