Чуднозглобни

Чуднозглобни
Период: Среден палеоцен - денес
Хофманов двопрсен мрзливец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Инфракласа: Вистински ѕверови
Надред: Чуднозглобни
Cope, 1889
Редови и подредови
  • ред оклопни чуднозглобни (Cingulata)
  • ред штрпци (Pilosa)


повеќе во текстот

Чуднозглобни цицачи (науч. Xenarthra, од старогрчки „чудни, нетипични зглобови“) — група на вистински цицачи која денес постои само во Америка. Во оваа група припаѓаат оклопниците (армадили), мравојадите и мрзливците. Името на надредот доаѓа од присуството на ксенартни ковчиња кои образуваат додатен пар на зглобови кај одредени прешлени, наречени ‘рбетни коски, кои можат да се најдат само кај видовите од оваа група.

Потеклото на овој надред може да се бара дури во раниот Терциер (пред околу 60 милиони години, нешто по завршувањето на Мезозоик). Присуството на овие животни во Средна и Северна Америка се објаснува со теоријата на Големата американска размена.

Членовите на ова група порано биле соединети под името Edentata, што значи "беззаби", иако само мравојадите се без заби. Оклопниците и мрзливците имаат секачи, кои кај некои видови се без глеѓната покривка што се среќава на забите од повеќето други цицачи. Во оваа постара класификација биле вклучени и лушпестите мравојади − панголини, капскиот штрбец и паткоклуните. Но, споредбено-анатомските истражувања на овие цицачи открија значителни разлики кои ги разликуваат од животнте кои денес се вбројуваат во Xenarthra, вклучувајќи го и отсуството на ксенартни ковчиња.

Морфологија

Денешните чуднозглобни цицачи достигнуваат различни големини − од најмалиот Chlamyphorus (вилински оклопник), долг околу 12,5 cm па сè до Myrmecophaga (џиновски мравојад) кој е долг околу 120 cm. Меѓутоа, повеќето изумрени видови биле поголеми. На пример, глиптодонтите достигнувале и повеќе од 2 m во должина.

Мрзливците, кои живеат на дрвја, имаат крушковидни тела со големи абдомени, што дозволува развиток на големо слепо црево и долги, тенки екстремитети кои завршуваат со издолжени извиени канџи. Нивните прсти се сраснати со кожа, така што често се мешаат со канџите. Сите три вида на мрзливци имаат три канџи на задните стапала. Нивното надворешно крзно е долго и грубо, а постои и кратко, меко и густо внатрешно крзно. Нивните глави се мали и заоблени. Овие животни имаат необична одлика да се истегнуваат во хоризонтален правец додека висат прикачени за дрвото само со задните екстремитети.

Мравојадите се препознаваат по нивните долги конусни нуски, особено долгиот и тенок јазик, како и големите и моќни предни канџи. Последните се користат како за одбрана, така и за раскопување и отворање на мравкините дувла. Крзното е долго и густо, при што го штити животното од инсекти. Сите видови (освен еден) поседуваат рассекувачка опашка за фаќање.

Оклопниците се единствените денешни цицачи со заштитен коскен штит. За разлика од влекачките штитови, оној на оклопникот е испрекинат со неколку завои од кожа, кои помагаат во подвижноста. Површината на кожата е сива или кафеава и доста мека. Тие се дебели, средно големи цицачи кои се движат речиси припиени до почвата. Формата на главата и ушите варира меѓу видовите, додека моќните екстремитети носат зголемени канџи за копање на засолништа (дупки) и собирање на храна.

Систематика

Деветригест оклопник.
Џиновски мравојад, Myrmecophaga tridactyla.
  • Ред Cingulata
    • Семејство Dasypodidae: оклопници
      • Розов вилински оклопник, Chlamyphorus truncatus
      • Пичисиего, Chlamyphorus retusus
      • Северен голоопашест оклопник, Cabassous centralis
      • Чакоански голоопашест оклопник, Cabassous chacoensis
      • Јужен голоопашест оклопник, Cabassous unicinctus
      • Голем голоопашест оклопник, Cabassous tatouay
      • Врескачки влакнест оклопник, Chaetophractus vellerosus
      • Голем влакнест оклопник, Chaetophractus villosus
      • Андски влакнест оклопник, Chaetophractus nationi
      • Деветлиниски оклопник или долгонос оклопник, Dasypus novemcinctus
      • Седумлиниски оклопник, Dasypus septemcinctus
      • Јужен долгонос оклопник, Dasypus hybridus
      • Љаноски долгонос оклопник, Dasypus sabanicola
      • Голем долгонос оклопник, Dasypus kappleri
      • Влакнест долгонос оклопник, Dasypus pilosus
      • Шестлиниски оклопник или жолт оклопник, Euphractus sexcinctus
      • Џиновски оклопник, Priodontes maximus
      • Јужен трилиниски оклопник, Tolypeutes matacus
      • Бразилски трилиниски оклопник, Tolypeutes tricinctus
      • Пичи или џуџест оклопник, Zaedyus pichiy
    • Семејство †Glyptodontidae: глиптодонти
    • Семејство †Pampatheriidae: пампатери
  • Ред Pilosa
    • Подред Folivora
      • Семејство Bradypodidae: трипрсни мрзливци
        • Пигмејски трипрсен мрзливец, Bradypus pygmaeus
        • Кафеногрлен трипрсен мрзливец, Bradypus variegatus
        • Бледогрлен трипрсен мрзливец, Bradypus tridactylus
        • Гривест трипрсен мрзливец, Bradypus torquatus
      • Семејство Megalonychidae: двопрсни мрзливци и изумрените мегалонихидни приземни мрзливци
        • Хофманов двопрсен мрзливец, Choloepus hoffmanni
        • Линеов двопрсен мрзливец или јужен двопрсен мрзливец, Choloepus didactylus
      • Семејство †Megatheriidae: мегатеридни приземни мрзливци
      • Семејство †Mylodontidae: милодонтидни приземни мрзливци
      • Семејство †Orophodontidae: орофодонтидни приземни мрзливци
      • Семејство †Scelidotheriidae: сцелидотеридни приземни мрзливци
    • Подред Vermilingua
      • Семејство Cyclopedidae: свиленкасти мравојади
        • Свиленкаст мравојад, Cyclopes didactylus
      • Семејство Myrmecophagidae: мравојади
        • Џиновски мравојад, Myrmecophaga tridactyla
        • Северен тамандуа, Tamandua mexicana
        • Јужен тамандуа, Tamandua tetradactyla