Шарл VIII (роден на 30 јуни1470 во дворецот Амбоаз - починал на 7 април1498 во дворецот Амбоаз) бил крал на Франција од династијата Валоа, гроф од Бретања и војвода од Прованса. Тој бил единствениот преживеан од петте сина на кралот Луј XI. Не оставил наследник, којшто ќе го наследел, па со тоа тој бил последниот крал од главната линија на династијата Валоа. Неговото владеење се одликува со инвазијата на Италија, пшто било причина за започнувањето на Италијанските војни.