Шарпланински куп
Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.
Историја
Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.
Патеки
Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.[1]
Победници
Година | Машка конкуренција | Женска конкуренција | ||
---|---|---|---|---|
Име | Земја | Име | Земја | |
1947 | Петер Шикло | ![]() |
Вида Катник | ![]() |
1948 | Тине Мулај | ![]() |
/ | / |
1949 | Марјан Вистер | ![]() |
/ | / |
1950 | Владо Вебер | ![]() |
/ | ![]() |
1951 | Тине Мулај | ![]() |
Анелори Цукерт | ![]() |
1952 | Јанез Стефе | ![]() |
Пузи Франдал | ![]() |
1953 | Ернесто Оберајгнер | ![]() |
/ | |
1954 | Теди Ајнштус | ![]() |
Фини Штеклингер | ![]() |
1955 | Тине Мулај | ![]() |
||
1956 | Биро Михал | ![]() |
Ханелори Баслер | ![]() |
1957 | Воитех Будинел | ![]() |
||
1967 | Блаз Јакопиќ | ![]() |
Марија Клисурска | ![]() |
1969 | Леополд Грубер | ![]() |
Гвистина Дамец | ![]() |
1970 | Голо Габриеле | ![]() |
||
1971 | Леополд Грубер | ![]() |
||
1972 | Јонах Книвасер | ![]() |
||
1973 | Кристијан Сотас | ![]() |
||
1974 | Вернер Фигл | ![]() |
||
1975 | Џузепе Платнер | ![]() |
||
1978 | Леонардо Давид | ![]() |
||
1979 | Александар Жиров | ![]() |
||
1980 | Маурицио Пончет | ![]() |
||
1981 | Александар Жиров | ![]() |
||
1983 | Петер Лишер | ![]() |
||
1986 | Џероса Карло | ![]() |
||
1994 | Рене Млекуз | ![]() |
||
1996 | Нана Матео | ![]() |
||
1997 | Грегор Грлиќ | ![]() |
||
1998 | Миран Раутер | ![]() |
||
1999 | Грегори Гигние | ![]() |
||
2000 | Стефан Георгиев | ![]() |
Матеја Долничар | ![]() |
2003 | Александар Левет | ![]() |
Марија Киркова | ![]() |
2004 | Миха Малус[1] | ![]() |
||
2005 | Миха Малус[1] | ![]() |
||
2006 | Стефан Георгиев[2] | ![]() |
||
2009 | Коси Клемен[2] | ![]() |
||
2010 | Франц Промок[3] | ![]() |
||
2011 | Томаж Велечич[2] | ![]() |
||
2012 | Грегор Брајович[2] | ![]() |
||
2013 | Миха Кирнер[4] | ![]() |
Управа
Извршен одбор
Извршниот одбор брои 17 члена од кои:
- Жарко Трпкоски, вд. претседател
- Будимир Апостолски, ген. секретар
- Зоран Теофиловски, претседател на Алпски Комитет
Иницијативен одбор
Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.
Награди
Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија.
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Мицковиќ, Миодраг (29 јануари 2011). „Шарпланинскиот куп ќе се одржи на 26 и на 27 февруари“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-24.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Самарџиев, Александар (27 февруари 2012). „Словенецот Брајович победи, а Дехари е трет“. Нова Македонија. Посетено на 2012-02-27.[мртва врска]
- ↑ Јовановски, Зоран (7 март 2010 18:41). „Промок победник на Шарпланинскиот куп“. А1. Посетено на 2011-02-24. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Миха Кирнер од Словенија севкупен победник на 40. Шарпланински Куп (резултати)“. Шара куп. февруари 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-05-06.
Надворешни врски
- Официјално мрежно место на Шарпланинскиот куп Архивирано на 12 ноември 2010 г.