Шепенштет
Шепенштет | |
Фахверк куќа во Шепенштет | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Општ. заед. | Елм-Асе |
Градоначалник | Карл-Хајнц Мие (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 39,65 км2 |
Надм. височина | 100 м |
Население | 5.653 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 143 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38170 |
Повик. бр. | 05332 |
Местоположба на градот Шепенштет во рамките на округот Волфенбител | |
Координати | 52°07′59″N 10°46′42″E / 52.13306°N 10.77833°E |
Шепенштет (германски: Schöppenstedt) — мал град во округот Волфенбител, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на општинската заедница Елм-Асе.
Географија
Се наоѓа југозападно од ридските масиви Елм и Асе, околу 17 километри источно од Волфенбител и 21 километар југоисточно од Брауншвајг.
Од 2007 година, станицата во Шепенштет е источниот крај на железничката линија Волфенбител-Хелмштет.
Историја
Местото „Скифинстете“ (Sciphinstete) во областа Дерлингау во Саксонија, сместено на трговскиот пат од Брауншвајг до Шенинген, било првпат споменато во декрет од 1051 година. Црквата во местото веројатно постоела во деновите на мисионерот Хилдегрим пред 827 година; Шепенштет подоцна станал седиште на архиѓаконија на Халберштат. Од 1267/1269, околните поседи биле на велфските војводи од Брауншвајг-Волфенбител. Во 1542 година, граѓаните станале протестанти.
Главна знаменитост е црквата „Св. Стефан“ со својата крива кула од XII век. Внатрешноста содржи прекрасни камени столбови со фрески од животински фигури и човечки глави.
Познати луѓе
- Лудвиг Штримпел (1812–1899) — филозоф и педагог
Наводи
Надворешни врски
- Шепенштет на Ризницата ?
- Official site of the Samtgemeinde
|
|