Штицербах (германски: Stützerbach) — село и поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Илменау.
Географија
Штицербах се наоѓа на североисточниот раб од Тириншката Шума, во близина на Ренштајг. Местото се наоѓа во долината на Ленгвиц, горниот тек на Илм, која всушност извира како Ленгвиц јужно од Штицербах.