Ԋ
Комско Ԋ (Ԋ ԋ; ракописно: Ԋ ԋ) — буква од комската азбука, поинаков вид на кирилицата. Се користела за пишување на комскиот јазик во 1920-ите и во мордвинските јазици. Обликот е сличен на латинската буква хваир (Ƕ ƕ), но обликот на малата буква е помала верзија на големата буква. Комското Ԋ ја претставува преднонепчената носна согласка /ɲ/, нешто налик на изговорот на ⟨ni⟩ во „onion“. Слична е на кириличната буква Њ (Њ њ), и на латиснкиот диграф NJ (NJ Nj nj) кој се користи во хрватскиот и српскиот јазик.
Сметачки кодови
Знак | Ԋ | ԋ | ||
---|---|---|---|---|
Уникоден назив | КИРИЛИЧНА ГОЛЕМА БИУКВА КОМСКО Ԋ |
КИРИЛИЧНА МАЛА БУКВА КОМСКО Ԋ | ||
Бр. систем | дец. | хекс. | дец. | хекс. |
Уникод | 1290 | U+050A | 1291 | U+050B |
UTF-8 | 212 138 | D4 8A | 212 139 | D4 8B |
Бројчена ознака | Ԋ | Ԋ | ԋ | ԋ |
Поврзано
- Н н : кирилично Н
- Кирилични букви во Уникод
- Ƕ ƕ : хваир, вештачка латинска буква со сличен облик.