.za

.za
Воведен1990
Тип на доменНајвисок државен домени
СостојбаАктивен
РегистарZADNA
ПокровителZADNA
Наменета употребаЕнтитети поврзани со  ЈАР
Фактичка употребаКористен во Јужна Африка
Ограничувања на рестрацијатаНема во .co.za, разни ограничувања за останатите поддомени
СоставРегистрациите се на трето ниво под второстепени ознаки
ДокументиArticles of Association of ZADNA
Правила при спорВо развој
Мреж. местоZADNA

.zaнајвисок државен домен за Јужноафриканската Република. Раководен е од ZADNA.

Ниту едно од официјалните имиња на Јужноафриканска Република, не може да се запише со буквите ZA, кое пак е кратенка за холандското име на земјата Zuid-Afrika. Холандскиот јазик бил службен јазик во републиката сè до 1961 година, како таков го загубил статусот од сличниот јазик Африканс во 1983 година и сега се користи терминот Suid-Afrika. Сепак, кратенката .sa била користена од Саудиска Арабија и ZAR се користи како код за валутата на Јужноафриканска Република.

Од 1936 година регистрациската ознака за автомобили во Јужноафриканска Република е „ZA“.

Второстепени домени

Отворени и активни

Во мирување

  • .alt.za - Историски регистранти
  • .net.work.za - даватели на мрежни услуги.
  • .ngo.za - за невладини организации
  • .tm.za - за трговски марки
  • .web.za - замо за мрежни услуги

Приватни

  • .agric.za - ARC & Company
  • .grondar.za - Mark R V Murray
  • .inca.za - Internetworking Cape
  • .nis.za - Network Information Systems

Избришани

На 7 август 2009 година ZADNA има отстрането бројни доменски имиња од доменот .za [1]

  • .bourse.za - за сите претпријатија регистрирани на берза
  • .city.za - за општинските власти.
  • .cybernet.za - Infront Investments Five cc
  • .db.za - De Beers
  • .iaccess.za - Compustat
  • .imt.za - Институт за поморска технологија
  • .landesign.za - Lan Design
  • .olivetti.za - Olivetti/Mark Elkins
  • .pix.za - Proxima Information Exchange

Наводи

  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-14. Посетено на 2014-09-24.

Надворешни врски