10 век п.н.е.

< 11 век п.н.е. 10 век п.н.е. 9 век п.н.е. >
100 99 98 97 96 95 94 93 92 91
90 89 88 87 86 85 84 83 82 81
80 79 78 77 76 75 74 73 72 71
70 69 68 67 66 65 64 63 62 61
60 59 58 57 56 55 54 53 52 51
50 49 48 47 46 45 44 43 42 41
40 39 38 37 36 35 34 33 32 31
30 29 28 27 26 25 24 23 22 21
20 19 18 17 16 15 14 13 12 11
10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

10 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 1000 г. п.н.е., а завршил на 31 декември 901 г. п.н.е.

На Блискиот Исток, овој период следи по колапсот на доцното бронзено доба, а со него почнува раното железно доба.[1] Грчкиот мрачен век кој почнал во 1200 година п.н.е. продолжил. Новоасирското Царство било основано кон крајот на 10 век п.н.е.[1] Индија се наоѓала во железно доба, а ведскиот период сѐ уште траел.[2] Во Кина на власт била династијата Џоу.[3] Бронзеното доба во Европа продолжило со Културата на полињата со урни (градење на некрополи со урни на рамно поле без надземна конструкција). Десеттиот век пред нашата ера во Јапонија се нарекува Џомон период, за време на кој таа била сѐ уште била населена од заедници на ловци–собирачи.

Светот во 1000 г. п.н.е.
Погребната златна маска на фараонот Псусенес I, откриена 1940 година од Жан Пјер Монте.

Настани

  • 1000 п.н.е.: Во Индија во железното доба владееле неколку кралства: Панчала, Куру, Видеха и Џенепеда.
  • 993 п.н.е.: Фараонот Аменемоп го наследил Псусеннес I како крал на Египет.
  • 993 п.н.е.: Архип, архонтот на Атина починал по 19-то владеење и бил наследен од синот Терсипус.
  • 984 п.н.е.: Осоркон Постариот го наследил фараонот Аменемоп како крал на Египет.
  • 982 п.н.е.: Во својата Книга на промените, филозофот и историчарот Шао Јун го обележува периодот од 1197 - 982 г. п.н.е. како Крај на првиот период.
  • 978 п.н.е.: Сиамун го наследил Осоркон Постариот како крал на Египет.
  • 967 п.н.е.: Соломон станал крал на Израелитите според Книгата на кралевите.
  • 967 п.н.е.: Тиглат Пилесер II станал крал на Асирија.
  • 965 п.н.е.: Починал Давид, кралот на древните Израелити.
  • 962 п.н.е.: Соломон станал крал на Израил по смртта на својот татко кралот Давид (традиционална дата).
  • 959 п.н.е.: Псусеннес II го наследил Сиамун како крал на Египет.
  • 957 п.н.е.: Соломон ја завршил изградбата на Првиот храм (познат и како Соломонов храм) во Ерусалим.
  • околу 953 п.н.е.: Можна дата за основање на Рим.[4]
  • 952 п.н.е.: Терсипус, кралот на Атина, починал по 41 години владеење и бил наследен од својот син Форбант.
  • 947 п.н.е.: Починал Му Ван или Му од Џоу кралот од кинеската династија Џоу.
  • 946 п.н.е.: Кунг од Џоу станал крал на династијата Џоу во Кина.
  • 945 п.н.е.: Починал Псусеннес III последниот крал на 21-та династија. Го наследил Шошенк I, основачот на 22-та династија.
  • 935 п.н.е.: Починал кралот Кунг од Џоу, од кинеската Џоу династија.
  • 935 п.н.е.: Починал Тиглат Пилесер II, кралот на Асирија.
  • 925 п.н.е.: Починал Соломон, кралот на древните Израелити.
  • околу 925 п.н.е.: Израилското царство се поделило на кралството Јудеја и кралството Израил.
  • 924 п.н.е.: Осоркон I го наследил својот татко Шошенк I како египетски крал.
  • 922 п.н.е.: Форбант, архонтот на Атина, починал по 30-годишно владеење и го наследил неговиот син Мегакло.
  • 912 п.н.е.: Адад-нирари II го наследил својот татко Ашур-дан II како крал на Асирија.
  • 911 п.н.е.: Починал Абијах, кралот на Јудеја.
  • 910 п.н.е.: Камил Ксаши го убил кралот Бароксов од Гудеј династијата, со што бил ставен крај на кралството Пунт, старо околу 2000 години.
  • 909 п.н.е.: Јеробоам I, првиот крал на северното еврејско кралство Израил, починал и бил наследен од неговиот син Надав.
  • 900 п.н.е.: Во Индија, за време на Ведската цивилизација, Јаджваналкаја (повеќе учители) ги напишале Шатапатха брахмана (прозен текст), кој опишува ведски ритуали, историја, митологија, движење на сонцето и месечината.
  • околу 900 п.н.е.: Се издигнала Виланованската култура во северна Италија.
  • околу 900 п.н.е.: Бил основан градот Анурадапура во Шри Ланка.
  • 900 п.н.е.: Кралството Куш било основано во Нубија.

Доцен 10 век п.н.е.:

Личности

Суверени држави

Види: Список на суверени држави во 10 век п.н.е.

Наводи

  1. 1,0 1,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 10–95.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 299–306.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 307–315.
  4. "Roma più vecchia di due secoli". rainews. Посетено на 2018-09-16.