1247
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1247 MCCXLVII |
Ab urbe condita | 2000 |
Ерменски календар | 696 ԹՎ ՈՂԶ |
Асирски календар | 5997 |
Балиски календар | 1168–1169 |
Бенгалски календар | 654 |
Берберски календар | 2197 |
Будистички календар | 1791 |
Бурмански календар | 609 |
Византиски календар | 6755–6756 |
Кинески календар | 丙午年 (огн. коњ) 3943 или 3883 — до — 丁未年 (огн. коза) 3944 или 3884 |
Коптски календар | 963–964 |
Етиопски календар | 1239–1240 |
Еврејски календар | 5007–5008 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1303–1304 |
- Сачка ера | 1168–1169 |
- Кали-југа | 4347–4348 |
Холоценски календар | 11247 |
Игбоански календар | 247–248 |
Ирански календар | 625–626 |
Исламски календар | 644–645 |
Јапонски календар | Канген 5 / Хоџи 1 (宝治元年) |
Јавански календар | 1156–1157 |
Јулијански календар | 1247 MCCXLVII |
Корејски календар | 3580 |
Мингуо-календар | 665 пред Р. Кина 民前665年 |
Нанакшахи | −221 |
Тајландски сончев календар | 1789–1790 |
Тибетски календар | 阳火马年 (машки оган-коњ) 1373 или 992 или 220 — до — 阴火羊年 (женски оган-коза) 1374 или 993 или 221 |
1247 (MCCXLVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1247 година од новата ера, 247. од вториот милениум, 47. од XIII век и осма од 1240-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6755 и 6756 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5997 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5007 и 5008 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2000.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1247 година се протега во 3883 и 3884, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3943 и 3944 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1790. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 644 и 645 исламска година.
Настани
- 1 декември - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка[1].
- Шемс Тебризи исчезнува, што доведува да Руми посвети 30.000 стихови од поезијата за неговото исчезнување.
- Ромфорд, Лондон, е прогласен за трговски град.
- Основана е [ралската болница во Бедлам, Англија.
- Во Тирингија започнува војна за наследување на престолот.
- Египет ја презема контролата на Ерусалим.
- Најмеген станува дел од Гелдерланд.
- Афонсо III Португалски го наследува Саншу II Португалски, како Крал на Португалија.
- Гијом де Сонак станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- За првпат се споменува тврдината Ратац.
- За првпат се споменува градот Ајлбек.
- За првпат се споменува градот Залаегерсег.
- За првпат се споменува црквата „Св. Богородица и Св. Никола“ во градот Белиц.
Родени
- Анџело да Кларено, италијански свештеник (п. 1337)
- Јован, гроф од Холандија (п. 1304)
- Рашид ел-Дин Хамадани, персиски писател и историчар
- Жил Римски, римски архиепископ и филозоф
Починале
- 12 февруари - Ермесинда, грофица од Луксембург (р. 1185)
- 16 февруари - Хајнрих Расп (п. 1204)
- Томое Гозен, женски самурај (она-бугејша) за време на крајот на 12 век, позната по нејзината храброст и сила (р. 1157)
Наводи
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 108. ISBN 90-04-11244-8.