1866 — во Австриско-пруската војна, во која Италија била на страната на Прусија, Австријанците кај островот Вис ја уништиле италијанската флота. Погинале повеќе од 600 луѓе.
1866 — под династијата Меиџи, Јапонија започнува со програма за брза модернизација.
1867 — се формирала модерна Канада со прогласување на Британскиот акт за Северна Америка.
1867 — последните отомански трупи ја напуштиле Србија, а кнезот Михаило Обреновиќ ги добил клучевите на поголемите српски градови, со што Србија де факто станала независна.
1867 — со потпишување на Австроунгарската спогодба била створена Австроунгарија.
1868 — потпишана Хрватско-унгарска спогодба, спрема членот 66. т.н. Риечка крпица, Риека на измама станала дел од Унгарија.