22 февруари (настани)
1281
Мартин IV станува папа .
1819
Шпанија ја продава Флорида на САД за пет милиони американски долари .
1862
Во текот на Американската граѓанска војна , Џеферсон Дејвс бил прогласен за претседател на Конфедерацијата на државите на Америка, составена од 11 јужни држави.
1879
Во Јутика, Њујорк , САД , Френк Вулворт ја отвора првата продавница од својот синџир на продавници.
1955
Поради повреда, предизвикана од паѓање од коњ , тенисерката Морин Коноли, позната како „Малата Мо“ се повлекла од тенисот . Таа победила на Вимблдон трипати по ред, во 1952 , 1953 и 1954 година.
1979
Карипскиот остров Света Луција стекна независност по 165 години поминати под британска управа.
1980
Израелската влада донесе одлука за пуштање во оптек на нова национална валута, шекел, која ја замени израелската фунта.
1980
Хокеарската репрезентација на САД извојува победа над екипата на СССР во финалето на Зимските олимписки игри во 1980 г.
1986
Долгогодишниот претседател на Филипините , диктаторот Маркос бил принуден да ја напушти земјата, под притисок на јавноста.
1994
Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија . Во Брисел , со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија .
2011
Градот Крајстчерч во Нов Зеланд е погоден од катастрофален земјотрес .
The article is a derivative under the Creative Commons Attribution-ShareAlike License .
A link to the original article can be found here and attribution parties here
By using this site, you agree to the Terms of Use . Gpedia ® is a registered trademark of the Cyberajah Pty Ltd