Android Auto
Изворни автори | |
---|---|
Програмери | |
Првично издание | 19 март 2015 г. |
Стабилно издание | 13.3 (Build 6446) |
Опер. систем | Android 8.0+[1] |
Вид | телематика |
Лиценца | сопственичка |
Мреж. место | android.com/auto |
Android Auto — мобилна апликација создадена од Google наменета беспрекорно да ја отслика функционалноста на андроид-телефон (или усогласен уред) со информативно-забавниот систем на контролната табла на автомобилот.
Со спарување на андроид-уред со главниот уред на возилото, апликацијата му овозможува на возачот поедноставен интерфејс на екранот на автомобилот. Главните одлики вклучуваат пристап до GPS-навигација, преносна музика, пораки, телефонски повици и веб-пребарување, сите оптимизирани за употреба во кола. Android Auto поддржува интерфејси со екран на допир и со копчиња, а функционалноста на гласовните команди е камен-темелник на неговото работење со слободни раце, минимизирајќи го одвлекувањето на вниманието на возачот за побезбедно возење.[2][3]
Како дел од Open Automotive Alliance — соработка помеѓу 28 водечки производители на автомобили и Nvidia како нејзин технолошки партнер — Android Auto сега е достапен во 36 земји, обезбедувајќи попаметно, поповрзано искуство во возењето.
Функционалност
Android Auto е програмска опрема што дозволува андроид-уред да се поврзе со екранот на контролната табла на колата, кој потоа делува како приказ за апликациите во поедноставен интерфејс што одговара на автомобилот. Првично, андроид-уредот требало да се поврзе со автомобилот со USB-кабел.[4]
Во ноември 2016 г., Google ја вовел можноста за користење на Android Auto непосредно на телефон или таблет без потреба од екранот на контролната табла на автомобилот. Меѓутоа, оваа самостојна примена била прекината во јуни 2022 г. и заменета со „Режим за возење“ (Driving Mode), функција вградена во апликацијата Google Assistant.[5]
Наводи
- ↑ „Android Auto - Get more answers“. Android. Посетено на February 18, 2023.
- ↑ Devine, Richard (June 26, 2014). „What you need to know about Android Auto“. Android Central. Посетено на June 27, 2014.
- ↑ Goodwin, Antuan (June 25, 2014). „Google's new Android Auto is like Google Now for your car“. CNET. CBS Interactive. Посетено на June 26, 2014.
- ↑ Gorman, Michael (June 25, 2014). „Google gives us a simulated ride with Android Auto“. Engadget. AOL Inc. Посетено на June 26, 2014.
- ↑ Schoon, Ben (June 21, 2022). „Android Auto is now 'only for car screens,' as phone version shuts down for good“. 9to5Google (англиски). Посетено на September 24, 2022.