UTC+07:20

UTC+07:20 - ознака за временско отстапување од UTC од +07:20.

Историја

UTC+07:20 било користено како летно сметање на времето во Малаја и Сингапур помеѓу 1933 и 1941 година.[1] На полноќ на 1 јануари 1933 година,[2] луѓето во Малаја и Сингапур се префрлиле од UTC+07:00 на UTC+07:20 кога часовниците биле поместени понапред 20 минути. Ова време се користело до полноќ на 1 септември 1941 година[3] кога започнало да се користи часовниот појас UTC+07:30.

Поврзано

  • Сингапурско стандардно време
  • Време во Малезија
  • UTC+07:30

Наводи

  1. „www.math.nus.edu.sg, Why is Singapore in the "Wrong" Time Zone?“. Архивирано од изворникот на 9 декември 2013. Посетено на 10 ноември 2020.
  2. „www.timeanddate.com, Time zone changes and between year 1925 and 1949“. Посетено на 10 ноември 2020.
  3. „www.timeanddate.com, Clock changes in Singapore in 1941“. Посетено на 10 ноември 2020.