Вет Вет Вет (англ. Wet Wet Wet) ― шкотска софт-рок група основана во 1982 година. Имале многу хитови на топ-листите низ цел свет во 1980-тите и 1990-тите. Нивна најпозната песна била преработката на хитот од The Troggs од 1960-тите „Love Is All Around“, објавена во 1994 година и која била искористена за саундтракот од филмот Четири свадби и погреб. Песната забележала меѓународен успех и поминала 15 недели на врвот на Британската топ-листа за синглови. Групата денес се состои од основачкиот член Греам Кларк (бас-гитара, пејач) и главниот пејач Кевин Сим, кој го заменил основачкиот член Марти Пелоу во 2018 година, откако тој ја напуштил групата во 2017 година. Грем Дафин (главна гитара, пејач) исто така ја придружува групата на нивните турнеи од 1983 година. Групата била прогласена за „Најдобар британски дебитант“ на Британските музички награди во 1988 година.