Алисон е помлад брат на Муриел Бекер кој е исто така фудбалски голман и во моментов настапува за португалскиот Белененсеш.
Кариера
Клупска кариера
На почетокот на јули 2016 година, Алисон официјално го комплетирал својот трансфер во Рома, екипа од италијанската Серија А.[1] Своето деби за џалоросите го направил на 17 август 2016 година, започнувајќи како стартер меѓу стативите во ремито 1-1 на гостувањето против Порто во квалификациите за Лигата на шампионите.[2] Најголемиот дел од својата прва сезона во Рим, Алисон го поминал на клупата за резерви бидејќи бил назначен за втор голман на клубот зад полјакот Војќех Шченсни.
Репрезентативна кариера
Откако го претставувал Бразил во селекциите под 17 и под 20 години, Алисон бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Дунга за првите два квалификациски натпревари за Светското првенство 2018 против Чиле и Венецуела.[3] Тој го направил своето деби на 13 октомври 2015, во победата со 3-1 над Венецуела во Форталеца.[4]
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил