Фудбалска репрезентација на Чешка

 Чешка
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалска асоцијација на Чешка (FAČR)
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторЧешка Јарослав Шилхави
КапитенВладимир Дарида
Најмногу настапиПетр Чех (124)
Најдобар стрелецЈан Колер (55)[1][2]
ФИФА кодCZE
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално45 (9 април 2020)[3]
Највисок2 (септември 1999, јануари-мај 2000, април — мај 2005, јануари-мај 2006)
Најнизок47 (март 1994)
Прв меѓународен натпревар
 Унгарија 2 — 1 Бохемија
(Будимпешта, Унгарија; 5 април 1903)
како Чешка
 Турција 1 — 4 Чешка 
(Истанбул, Турција; 23 февруари 1994)[4][5]
Најголема победа
 Чешка 8 — 1 Андора 
(Либерец, Чешка; 4 јуни 2005)[4][5]
Најлош пораз
 Англија 5 — 0 Чешка 
(Лондон, Англија; 22 март 2019)[4][5]
Светско првенство
Учества9 (првпат во 2006)
Најдобар резултатПрва фаза 2006
Европско првенство
Учества7 (првпат во 1996)
Најдобар резултатВицешампион, 1996

Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.

Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.

Историја

Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против Турција во Истанбул и победила со 4-2.[4] Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против Литванија во Острава и победила со резултат 5-3.

Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од Луксембург, но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната Холандија. На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со Германија, Италија и Русија. Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со Португалија и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била Франција. Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.

Последни квалификациски циклуси

Квалификации за Светско првенство 2018

Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.  Германија 10 10 0 0 43 4 +39 30
2.  Северна Ирска 10 6 1 3 17 6 +11 19
3.  Чешка 10 4 3 3 17 10 +7 15
4.  Норвешка 10 4 1 5 17 16 +1 13
5.  Азербејџан 10 3 1 6 10 19 −9 10
6.  Сан Марино 10 0 0 10 2 51 −49 0
  Германија Северна Ирска Чешка Норвешка Азербејџан Сан Марино
Германија  2–0 3–0 6–0 5–1 7–0
Северна Ирска  1–3 2–0 2–0 4–0 4–0
Чешка  1–2 0–0 2–1 0–0 5–0
Норвешка  0–3 1–0 1–1 2–0 4–1
Азербејџан  1–4 0–1 1–2 1–0 5–1
Сан Марино  0–8 0–3 0–6 0–8 0–1

Квалификации за Европско првенство 2020

Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.  Англија 8 7 0 1 37 6 +31 21
2.  Чешка 8 5 0 3 13 11 +2 15
3.  Косово 8 3 2 3 13 16 -3 11
4.  Бугарија 8 1 3 4 4 6 -2 6
5.  Црна Гора 8 0 3 5 3 22 -19 3
  Англија Чешка Косово Бугарија Црна Гора
Англија  5-0 5-3 4-0 7-0
Чешка  2-1 2-1 2-1 3-0
Косово  0-4 2-1 1-1 2-0
Бугарија  0-6 1-0 2-3 1-1
Црна Гора  1-5 0-3 1-1 0-0

Настапи на турнирите

Настапи на Светските првенства

Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
1930-1994 Учествувале во состав на Чехословачка
Франција 1998 Не се квалификувале 10 5 1 4 16 6
Јужна Кореја Јапонија 2002 12 6 2 4 20 10
Германија 2006 Групна фаза 20. 3 1 0 2 3 4 14 11 0 3 37 12
Јужна Африка 2010 Не се квалификувале 10 4 4 2 17 6
Бразил 2014 10 4 3 3 13 9
Русија 2018 10 4 3 3 17 10
Катар 2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 1/5 3 1 0 2 3 4 56 30 10 16 103 43

Настапи на Европските првенства


Европско првенство Квалификации
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
1960–1992 Учествувале во состав на Чехословачка Учествувале во состав на Чехословачка
Англија 1996 Финале 2. 6 2 2 2 7 8 Состав 10 6 3 1 21 6 [6]
Белгија Холандија 2000 Групна фаза 10. 3 1 0 2 3 3 Состав 10 10 0 0 26 5 [7]
Португалија 2004 Полуфинале 3. 5 4 0 1 10 5 Состав 8 7 1 0 23 5 [8]
Швајцарија Австрија 2008 Групна фаза 11. 3 1 0 2 4 6 Состав 12 9 2 1 27 5 [9]
Полска Украина 2012 Четвртфинале 6. 4 2 0 2 4 6 Состав 10 6 1 3 15 8 [10]
Франција 2016 Групна фаза 21. 3 0 1 2 2 5 Состав 10 7 1 2 19 14 [11]
Европа 2020 Се квалификувале 8 5 0 3 13 11
В К У П Н О 6/6 24 10 3 11 30 33 68 50 8 10 144 54 [12]


Настапи на ФИФА Купот на конфедерации

ФИФА Куп на конфедерации
Година Рунда Позиција ОН П Н И ДГ ПГ
Саудиска Арабија 1992 Не се квалификувале
Саудиска Арабија 1995
Саудиска Арабија 1997 Трето место 3-то 5 2 1 2 10 7
Мексико 1999 Не се квалификувале
Јужна Кореја Јапонија 2001
Франција 2003
Германија 2005
Јужна Африка 2009
Бразил 2013
Русија 2017
Вкупно Трето место 1/10 5 2 1 2 10 7

Играчи

Моментален состав

Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Томаш Вацлик 29 март 1989(1989-03-29)(34 г.) 29 0 Грција Олимпијакос Олимпијакос
16 ГМ Јиндржих Станјек 27 април 1996(1996-04-27)(27 г.) 2 0 Чешка Викторија Плзен Викторија Плзењ
23 ГМ Јиржи Павленка 14 април 1992(1992-04-14)(31 г.) 11 0 Германија Вердер Бремен Вердер Бремен
2 ОД Павел Кадержабек 25 април 1992(1992-04-25)(31 г.) 42 3 Германија Хофенхајм Хофенхајм
3 ОД Ондржеј Челустка 18 јуни 1989(1989-06-18)(34 г.) 18 2 Турција Анталијаспор Анталијаспор
4 ОД Јакуб Брабец 6 август 1992(1992-08-06)(31 г.) 17 1 Чешка Викторија Плзен Викторија Плзењ
5 ОД Теодор Гебре Селасие 24 декември 1986(1986-12-24)(37 г.) 54 3 Германија Вердер Бремен Вердер Бремен
6 ОД Томаш Калас 22 мај 1993(1993-05-22)(30 г.) 19 2 Англија Бристол Сити Бристол Сити
17 ОД Ондржеј Кудела 26 март 1987(1987-03-26)(36 г.) 3 0 Чешка Славија Прага Славија Прага
18 ОД Марек Сухи 29 март 1988(1988-03-29)(35 г.) 44 1 Германија Аугсбург Аугсбург
22 ОД Филип Новак 26 јуни 1990(1990-06-26)(33 г.) 23 1 Турција Трабзонспор Трабзонспор
7 СР Ладислав Крејчи 5 јули 1992(1992-07-05)(31 г.) 41 5 Италија Болоња Болоња
8 СР Владимир Дарида 8 август 1990(1990-08-08)(33 г.) 61 6 Германија Херта Херта Берлин
10 СР Јозеф Хушбауер 16 март 1990(1990-03-16)(33 г.) 21 1 Германија Динамо Дрезден Динамо Дрезден
12 СР Лукаш Масопуст 12 февруари 1993(1993-02-12)(30 г.) 11 1 Чешка Славија Прага Славија Прага
14 СР Јакуб Јанкто 19 јануари 1996(1996-01-19)(27 г.) 26 3 Италија Сампдорија Сампдорија
15 СР Томаш Соучек 27 февруари 1995(1995-02-27)(28 г.) 25 3 Англија Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
21 СР Алекс Крал 19 мај 1998(1998-05-19)(25 г.) 9 2 Русија Спартак Москва Спартак Москва
9 НП Патрик Шик 24 јануари 1996(1996-01-24)(27 г.) 22 9 Германија РБ Лајпциг РБ Лајпциг
11 НП Михаел Крменчик 15 март 1993(1993-03-15)(30 г.) 23 8 Белгија Клуб Бриж Клуб Бриж
19 НП Зденек Ондрашек 22 декември 1988(1988-12-22)(35 г.) 4 1 САД Далас Далас
20 НП Матеј Видра 1 мај 1992(1992-05-01)(31 г.) 26 5 Англија Барнли Барнли

Статистика на играчите

  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

Последна промена 14 април 2020.

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Петр Чех 2002–2016 124 0 голман
2 Карел Поборски 1994–2006 112 5 среден ред
3 Томаш Росицки 2000–2016 105 23 среден ред
4 Јарослав Плашил 2004–2016 103 7 среден ред
5 Милан Барош 2001–2012 93 41 напаѓач
6 Јан Колер 1999–2009 91 55 напаѓач
Павел Недвед 1994–2006 91 18 среден ред
8 Владимир Шмицер 1993–2005 81 27 среден ред
9 Томаш Ујфалуши 2001–2009 78 2 одбрана
10 Марек Јанкуловски 2000–2009 77 11 одбрана

Играчи со најмногу постигнати голови

Последна промена 14 април 2020.

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Јан Колер 1999–2009 55 91 напаѓач
2 Милан Барош 2001–2012 41 93 напаѓач
3 Владимир Шмицер 1993–2005 27 81 среден ред
4 Томаш Росицки 2000–2016 23 105 среден ред
5 Павел Кука 1994–2001 22 63 напаѓач
6 Патрик Бергер 1994–2001 18 44 среден ред
Павел Недвед 1994–2006 18 91 среден ред
8 Вратислав Локвенц 1995–2006 14 74 напаѓач
9 Томаш Нецид 2008– 12 42 напаѓач
10 Марек Јанкуловски 2000–2009 11 77 одбрана

Селектори

  • Чешка Душан Ухрин (1994–1997)
  • Чешка Јозеф Чованец (1998–2001)
  • Чешка Карел Брјукнер (2001–2008)
  • Чешка Петр Рада (2008–2009)
  • Чешка Франтишек Страка (2009)
  • Чешка Иван Хашек (2009)
  • Чешка Михал Билек (2009–2013)
  • Чешка Јозеф Пешице (2013)
  • Чешка Павел Врба (2014–2016)
  • Чешка Карел Јаролим (2016–2018)
  • Чешка Јарослав Шилхави (2018–денес)

Наводи

  1. Jan Koller - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 14 април 2020.
  2. Jan Koller, fotbal.cz Архивирано на 14 април 2020.; пристапено: 14 април 2020.
  3. „Ранг-список на ФИФА“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-15. Посетено на 25 јануари 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com; пристапено: 25 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 Statistiky reprezentace - všechna utkání, fotbal.cz Архивирано на 13 април 2014.; пристапено: 25 октомври 2014.
  6. „Квалификации за ЕП 1996“. Посетено на 12 мај 2015.
  7. „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  8. „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  9. „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  10. „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  11. „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
  12. „Czech Republic team profile“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.

Надворешни врски