Антигва и Барбуда првпат настапила на Олимписките игри во 1976 г. и оттогаш учествувала скоро на сите игри освен на Летните олимписки игри во 1980 година кога истите ги бојкотирала. Антигва и Барбуда нема освоено медал на Летните олимписки игри и никогаш не се натпреварувала во Зимските олимписки игри. Олимписката асоцијација на Антигва и Барбуда била формирана во 1966 година, по распадот на Вест-Инди Федерацијата во 1962 година, и призната во 1976 година.