Балтино
Балтино Καλλιθέα | |
---|---|
Местоположба во областа Местоположба на Балтино во општината Гребен
| |
Координати: 39°50.8′N 21°21.4′E / 39.8467°N 21.3567°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Горѓани |
Најг. вис. | 1,040 м |
Најм. вис. | 1,000 м |
Население (2011)[1] | |
• Селска | 58 |
Заедница | |
• Население | 122 |
• Површина (км2) | 49.987 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 510 31 |
Повик. бр. | +30-2462-xxx-xxx |
Рег. таб. | PNx-xxxx |
Балтино или Болтино (грчки: Καλλιθέα, Калитеја; до 1927 г. Μπάλτινον, Балтинон[2], 1927-1961 г. Καταφύγιον, Катафигион[3]) — село во Гребенско, југозападна Егејска Македонија, денес во општината Гребен на областа Западна Македонија, Грција, крај границата со Тесалија.
Според пописот од 2011 г. Населението брои 122 жители, во кои се вбројани и жителите на с. Бозово (Прионија) кое се води како дел од една месна заедница. Балтино е најјужно населено место во цела Македонија.[4]
Географија
Селото се наоѓа на јужната граница на Македонија, недалеку од тромеѓата што ги дели Македонија на север, Тесалија на југ и Епир на запад. Атарот на селото на југ и југозапад се граничи со тесалиската општина Каламбака.
Сместено е на околу 40 км јужно од градот Гребен, во северните делови на планината Хасија, која е дел од венецот Пинд.
Историја
Османлиско време
Се смета дека на сегашното место Балтино е основано околу 1770 г. од 11 влашки семејства.
Во 1881-1912 напосредно на југ од селото поминувала границата меѓу Османлиското Царство и Кралството Грција. Тогаш Балтино е влашко христијанско село на јужниот крај на Гребенската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Болтино живеат 100 Власи.[5] Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. Μπάλτινο има 178 влахојазични жители, од кои ниеден не е пороманчен.[6]
Во Грција
Во Балканската војна во 1912 г. селото го окупираат грчки единици, а по Втората балканска војна во 1913 година Балтино влегува во состав на Грција.
Во 1923 г. во селото биле сместени грчки бегалски семејства од Мала Азија, со вкупно 43 луѓе.[4]
Во 1927 г. името му е сменето во Катафигион, а во 1961 г. го добива денешниот назив Калитеја.
Пописи
Стопанство
Во селото се застапени разновидни земјоделски гранки, со особен нагласок на краварството.[4]
Култура
Денес селскиот собор се приредува на 26 јули за Света Петка.
Знаменитости
Главна селска црква е „Свети Никола“. Недалеку од селото се и параклисите „Света Троица“ и „Света Петка“.
Литература
- Χανιώτης, Ν.Δ., "Η Καλλιθέα Γρεβενών", Αθήνα 1978.
Наводи
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπάλτινον - Καταφύγι
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καταφύγιον - Καλλιθέα
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Симовски, Тодор (1998). „Гребенски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 108.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 276.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
|