1940
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1940 MCMXL |
Ab urbe condita | 2693 |
Ерменски календар | 1389 ԹՎ ՌՅՁԹ |
Асирски календар | 6690 |
Бахајски календар | 96–97 |
Балиски календар | 1861–1862 |
Бенгалски календар | 1347 |
Берберски календар | 2890 |
Будистички календар | 2484 |
Бурмански календар | 1302 |
Византиски календар | 7448–7449 |
Кинески календар | 己卯年 (зем. зајак) 4636 или 4576 — до — 庚辰年 (мет. змеј) 4637 или 4577 |
Коптски календар | 1656–1657 |
Етиопски календар | 1932–1933 |
Еврејски календар | 5700–5701 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1996–1997 |
- Сачка ера | 1861–1862 |
- Кали-југа | 5040–5041 |
Холоценски календар | 11940 |
Игбоански календар | 940–941 |
Ирански календар | 1318–1319 |
Исламски календар | 1358–1359 |
Јапонски календар | Шова 15 (昭和15年) |
Јавански календар | 1870–1871 |
Џуче-календар | 29 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4273 |
Мингуо-календар | Р. Кина 29 民國29年 |
Нанакшахи | 472 |
Тајландски сончев календар | 2482–2483 |
Тибетски календар | 阴土兔年 (женска земја-зајак) 2066 или 1685 или 913 — до — 阳金龙年 (машко железо-змеј) 2067 или 1686 или 914 |
1940 (MCMXL) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1940 година од новата ера, 940. од вториот милениум, 40. од XX век и прва од 1940-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7448 и 7449 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6690 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5700 и 5701 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2693.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1940 година се протега во 4576 и 4577, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4636 и 4637 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2483. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1358 и 1359 исламска година.
Настани
- 5 март – Јосиф Сталин и останатите членови на Политбирото на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз потпишуваат наредба со која се стрелани од 15 до 22 илјади полски заробеници.
- 12 март – СССР и Финска потпишуваат мировен договор во Москва, со што завршува Зимската војна.
- 9 април – Германија ги напаѓа Данска и Норвешка.
- 12 април – Британија ги окупира Фарските острови за да спречи Германија прва да ги заземе.
- 10 мај – Германските сили ги напаѓаат земјите на Бенелукс.
- 10 мај – Британија извршува инвазија на Исланд.
- 10 мај – Винстон Черчил е избран за британски премиер.
- 10 јуни – Италија им објавува војна на Франција и Британија.
- 14 јуни – Париз паѓа под германска окупација.
- 17 јуни – Советската војска влегува во Естонија и Латвија.
- 16 јули - Адолф Хитлер ја издал директивата „Морски лав“, план за инвазија врз Велика Британија.
- 7 септември – Со Договорот во Крајова, Романија ѝ ја отстапува Јужна Добруџа на Бугарија.
- 7 септември – Германија започнува со бомбардирањето на Лондон.
- 8 септември – На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
- 15 октомври – Првпат е емитуван филмот на Чарли Чаплин, „Големиот диктатор“, во кој тој ги исмева Адолф Хитлер и Бенито Мусолини.
- 19 – 23 октомври – Во Загреб се одржува Петтата земска конференција на Комунистичката партија на Југославија.
- 28 октомври – Италија ја напаѓа Грција.
- 5 ноември – На американските претседателски избори победува демократот Франклин Рузвелт и станува првиот американски претседател со трет мандат.
- 20 ноември – Унгарија, Романија и Словачка пристапуваат кон Силите на Оската.
Родени
- 19 февруари - Сапармурат Нијазов, туркменистански претседател
- 23 февруари - Питер Фонда, американски глумец
- 7 март - Руди Дучке, германски студентски водач
- 10 март - Чак Норис, американски глумец
- 16 март - Бернардо Бертолучи, италијански режисер
- 23 март - Ристо Шишков, македонски глумец
- 29 март - Аструд Жилберто, истакната бразилска пејачка на босанова и самба, прославена со нејзината изведба песната „Девојката од Ипанема“.
- 25 април - Ал Пачино, американски глумец
- 24 мај - Јосиф Бродски, руски поет
- 5 октомври – Милена Дравиќ, српска глумица
- 9 октомври - Џон Ленон, британски пејач
- 23 октомври - Пеле, бразилски фудбалер
- 27 ноември - Брус Ли, кинеско-американски глумец
Починале
- 10 март - Михаил Булгаков, руски писател
- 26 март - Спиридон Луис, грчки атлетичар
- 14 мај - Ема Голдман, американска анархистка
- 21 август - Лав Троцки, руски комунистички водач и марксистички теоретичар.
- 29 октомври - Димитрија Чуповски, борец за македонска самобитност
- 9 ноември - Невил Чембрлен, британски премиер
- 21 декември - Френсис Скот Фицџералд, американски писател