Бер (општина)

Општина Бер
Δήμος Βέροιας

Карта на општина Бер

Општинската управа во Бер
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Иматија
Гео. област: СланицаУрумлак
Население: 61.582 (2021)
Седиште: Бер
Нас. места: 44
Пошт. бр.: 691 00
Пов. бр.: 25310
Портал: veria.gr

Бер (грчки: Δήμος Βέροιας, Димос Вериjaс) — општина во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Бер. Општината е дел од округот Иматија.

Населени места

Општината Бер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“.[1] со спојување на пет стари општини: Апостол Павле, Бер, Кутлеш, Добра и Македонида.

Напомена: Називите на општините „Апостол Павле“ и „Македонида“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место.

Општинска единица Апостол Павле

Поранешната општина Апостол Павле на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Апостол Павле со седиште во Микрогуш (Макрохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и областа Урумлак:

  • Општински оддел Брањате
  • село Брањате (или Брајнат; Νέα Νικομήδεια, Неја Никомидиja)
  • Општински оддел Ѓавато
  • Општински оддел Колура
  • Општински оддел Луковица
  • село Нова Луковица (Νέα Λυκόγιαννη, Неја Ликојани) новосоздадено
  • село Луковица (или Луковишта, Παλαιά Λυκόγιαννη, Палеја Ликојани)
  • Општински оддел Микрогуш

Општинска единица Бер

Поранешната општина Бер на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Бер ги опфаќа градот Бер и следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Бер
  • град Бер (Βέροια, Верија)
  • село Лазохори (Λαζοχώρι) новосоздадено
  • село Меч (Μέση, Меси)
  • село Мустали (Κυδωνοχώρι, Кидонохори)
  • село Тарамон (Ταγαροχώρι, Тагарохори)
  • Општински оддел Асомата
  • Општински оддел Долјани
  • Општински оддел Долно Шел
  • Општински оддел Кастанија
  • Општински оддел Кумштица
  • Општински оддел Лужица
  • Општински оддел Пророк Илија
  • село Свети Илија (Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) новосоздадено
  • Општински оддел Рахи
  • Општински оддел Варвара
  • село Варвара (Αγία Βαρβάρα, Агија Варвара) новосоздадено
  • Општински оддел Топљани
  • село Топљани (Γεωργιανοί, Георгијани)
  • село Извор (Λευκόπετρα, Левкопетра)

Општинска единица Добра

Поранешната општина Добра на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Добра со седиште во Јанчишта (Агиос Георгиос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Сланица и планината Каракамен (Вермио):

  • Општински оддел Јаворница
  • Општински оддел Јанчишта
  • село Јанчишта (Άγιος Γεώργιος, Агиос Георгиос)
  • Општински оддел Света Марина
  • Општински оддел Туркохор
  • Општински оддел Чорново
  • село Чорново (Φυτεία, Фитија)
  • село Костемар (Κωστοχώρι, Костохори)
  • село Љановрохи (Λιανοβρόχι) новосоздадено
  • село Агиос Николаос (Άγιος Νικόλαος) новосоздадено

Општинска единица Кутлеш

Поранешната општина Кутлеш на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Кутлеш со седиште во Кутлеш ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир во областа Урумлак:

  • Општински оддел Кутлеш
  • Општински оддел Метохи
  • метох Метохи (Μετόχι) новосоздадено
  • Општински оддел Палатица
  • село Палатица (или Палатич; Παλατίτσια, Палатиција)
  • Општински оддел Сикија

Општинска единица Македонида

Поранешната општина Македонида на картата на некогашниот округ Иматија.

Општинската единица Македонида со седиште во Боштани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места и 1 манастир:

  • Општински оддел Боштани
  • Општински оддел Восово
  • Општински оддел Драчко
  • село Драчко (или Драчкуп, Дирачко; Δάσκιο, Даскио)
  • Општински оддел Куково

Поранешни села

На територијата на општината се наоѓаат и поранешните села Карачали (Мавродендрион) и Садина (Карави), кои денес се составен дел од градот Бер.

Поврзано

Наводи

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски